ИКОНОСТАС ОД БЕЛ МЕРМЕР

Во црквата Св. Константин и Елена

Ikonostas od bel mermer vo crkvata Sv. Konstantin i ElenaБел мермерен иконостас со димензии 6х3 м. поставен е во црквата Св. Константин и Елена во населбата Аличаир, по повод патрониот празник. Иконостасот е донација од верниците. Верскиот храм лани беше осветен. Параклиси ќе се градат и во населбите Сточен Пазар, Жабино маало, Тризла и Марино маало.

Во месноста “Песјобрце” во близина на Градската Капела ќе се гради и црквата Св. Тројца, која ќе служи само за погреби.

Интензивно се доизградува и црквата Св. Петка во Точила. Се поставуваат металните конструкциии на куполите кои ќе бидат обложени со бакарен лим, а воедно на нив ќе бидат поставени и крстови. Се работи и на внатрешната инфраструктура на црквата каде се поставува инсталација за подно греење, видео надзор и алармни системи. Црквата ќе има и современо озвучување, а после внатрешното малтарење на ред доаѓа поставувањето на иконостасот и цртање на фреско-живописот. 

На 8 август, на Св. Петка предвидено е и мало осветување на црквата како и поставување на камен – темелникот на камбанаријата  која заедно со партерното уредување ќе го оплемени изгледот на верскиот објект.

Loading