СВЕТСКИ АМБАСАДОР ВО ОН ОД ПРИЛЕП

Vo borba za pismenost - Aleksandra AceskaАлександра Ацеска од Економскиот факултет е новиот Светски амбасадор на младите за A World at School (Светот во училиште). Таа се носи со намера да го привлече вниманието на светот на возрасните кон 57 милиони деца кои не го уживаат човековото право на образование. 

Ацеска е дел од 244 млади бранители за глобална едукација. Тие ја сочинуваат групата на Светски амбасадори на младите, која била конституирана од генералниот секретарт на ООН, Бан Ки-мун. Тимот на Александра укажува на проблемите на децата ширум светот и ќе се бори за правата на милиони деца за пристап до едукација, а која ја немаат заради сиромаштија, рано стапување во брак и други видови на дискриминација.

Групата ги убедува лидерите на државите да вложуваат во градба на училишта, обукина наставници и подобрување на  учењето за сите деца.

Околу 170 милиони луѓе може да ја избегнат сиромаштијата преку учењето, за секое дете да чита. 

Loading