ВРИЕ КАНДИДАТИ ЗА НАЈ…

НАЈПЕТКА

Koj ke se kaci na tronot kako laniСо ближењето на крајот на учебната година, го привршуваме “мачното” пребројување на гласовите  за најученик, најнаставник, најодделение и најучилиште. Преполнетото е-меил сандаче на [email protected] и постовите на Фејсбук страната, кажуваат дека имаше голем интерес и од учениците и од наставниците за титулата НАЈ. Едвај стигнуваме да ги преброиме гласовите, но внимаваме секој глас да има значење. По ваши критериуми, за годинава полека се наѕира победникот, но има конкуренти. Така, за епитетот “нај” ќе се “борат” учениците: Викторија Стефаноска, Даниел Р’жаникоски и Трајче Маџоски од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, Вероника Кузманоска, Иван Кузманоски и Ангела Кочоска од ОУ “Гоце Делчев”, Цвете Јанеска, Исидора Стеваноска и Виктор Николоски од ОУ “Рампо Левката”, Озген Сулејманоски, Евгенија Илиоска и Тамара Мирческа од ОУ “Добре Јованоски”, Андреј Стојкоски и Анета Здравеска од ОУ “Климент Охридски”, Филип Сотироски, Никола Јанкулоски и Илија Тавчиоски од ОУ “Кочо Рацин” и Давид Лазароски, Андреј Трајкоски и Владимир Лазароски од ОУ “Блаже Конески”.

Во наставници што наредната учебна годинава ќе треба да ги оправдаат гласовите стеснет е кругот помеѓу: Благојче Илиоски, Лилјана Ковилоска, Весна Арсиќ, Горјан Василевски, Ана Бошкоска, Габриела Јосифоска – Димеска, Благица Чатлеска, Бисера Вишиноска, Даниела Котеска, Александра Јолеска, Митре Милески, Александра Мирческа, Златко Думбалоски, Зоран Сребреноски, Билјана Наумоска, Менде Петлески, Валентина Деспотоска… но, може да има изненадувања.

За потсетување, ланската учебна година со лаври на пиедесталот се закитија учениците: Доротеа Дамјановска –  VIII-а од ОУ “Гоце Делчев”, Кирил Лучески –VIII-4 од ОУ “Блаже Конески”, Матеј Костоски – VIII од ОУ “Кочо Рацин”, Ѓорѓи Коцески – VII од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, Ана Ѓеорѓиоска – VII-а од ОУ “Рампо Левката”, Бојана Тодороска – VIII-1 од ОУ “Климент Охридски” и Елена Николоска – IV-г од ОУ “Добре Јованоски”.

Најдобри наставници беа: Ирена Наумоска од ОУ “Гоце Делчев”, Марија Неделкоска од ОУ “Блаже Конески”, Павлинче Велјаноска од ОУ “Кочо Рацин”, Виолета Проскоска – Велкоска од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, Роберт Ристевски од ОУ “Рампо Левката”, Каролина Јовеска од ОУ “Климент Охридски” и Јасмина Миноска од ОУ “Добре Јованоски”.  

Loading