НАМЕСТО ВО “МЕД И МЛЕКО”, СО ПОКУСИ РАКАВИ

Прилепчанец излажал 14 граѓани за работа во странство

Полицијата го товари Х.П. (44) од Прилеп, сопственик и управител на фирмата Europis Ditaching Biro, за измама на 14 лица, при што заработил незаконски 7500 евра. Тој се сомничи и за фалсификување или уништување деловни книги.

Според полицијата, осомничениот во јануари 2014 година преку оглас нудел работа во Холандија, Белгија и Германија. Заинтересираните требало да поседуваат бугарски пасош и да платат 550 евра на сметката. Парите се плаќале за авионски билети, престој за 14 дена, поддршка, посредување за вработување во странство и трошоци за агенцијата. Пријавениот ветувал дека заинтересираните ќе потпишат договор за работа, а во рок од 12 месеци, доколку не добијат работа, ќе им се вратат 250 евра такси за престој и превоз. Измамникот ги зел парите, а потенцијалните гастарбајтери не одлетале во странство.

Полицијата утврдила дека измамникот, кој ветувал “мед и млеко” нема документација како се трошени парите од измамените.                       

Loading