ФАТЕНИ ДИЛЕРИ НА МАРИХУАНА

Во полициска акција, С.С. (33) од Прилеп бил фатен, оти на М.Ќ. му продал 0,26 грама марихуана за 100 денари. Полицијата ја открила дрогата и ја одзела, а на дилерот му поднела кривична пријава.

Полиција ги сомничи и А.Т.(23) и С.С. (46) за одгледување и продавање на наркотици. Според МВР, кај А.Т. се најдени 16 пакувања со 27,2 грама марихуана, а при претресот на две локации во кои живеел С.С. биле откриени 8,27 грама марихуана и 116, 42 грама семки од растението канабис.

Loading