Полицијата го товари И.К. (38) од Прилеп за фалсификување на исправа. Според полицијата, во 2012 година, тој купил автомобил Опел Корса од Австрија и изработил фалсификат документи. Возилото го продал на лице од Прилеп, кое го регистрирало и го возело. Полициската крим техника откри дека документот е фалсификат кај печатот и потписот. Затоа ја одзела сообраќајната дозвола и регистарските таблици и презела постапка за кривична одговорност на И.К.