ВО 10. НАЈДОБРИ “РЕДАЧИ НА БУКВИ”

ОУ “Климент Охридски”

Angliski kako makedonskiВо англискиот јазик не е важно само да се знае вокабуларот и слепо да се следи граматиката. Во пишувањето потребна е вештина на местење на буквите од зборот правилно или спелување. Со добра подготовка, дури 14 ученици заминале во Скопје на државното првенство, организирано од Мировниот корпус, а четворица се вратиле со сертификати за најдобрите 10. Тоа биле Адријан Јовески и Ана Гиновска од петто, Васе Колароска од шесто и Јана Неделкоска од седмо. За признанијата да дојдат во вистински раце се погрижиле наставничките Билјана Наумоска, Соња Тошкоска и Весна Јонческа кои ги “тренирале” децата од општинскиот натпревар за спелување.

Прво имале список на триста зборови, кои секој на личен начин ги запомнувал, за пред жирито, на табла, да го напише зборот што го слушнал. Тие што ќе поминеле во нивната категорија, оделе степен (одделение) погоре. Така, петтоодделенците стигнале до осмо, а седмоодделенката до втора година средно. За ученците кои ги погодиле сите збориви од листата, имало бонус листа со непознати зборови.

Учениците се задоволни, но уште подобро ќе се подготват в година.

Loading