“ВО МАКАТА, ДРУГАР СЕ ПОЗНАВА”.

Detski dar za SrbijaИ најмалите дечиња, сочувствуваат со природните непогоди во Србија и БиХ. Гледаат ТВ слики како страдаат нивните врсници и во нивните главчиња се родила идеа како да им помогнат. Желбата им се оствари преку Црвениот крст. Во колона по двајца, првачињата од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” го донесле најпотребното сред плоштадот – водата. Не им биле тешки шишињата, оти водата им е најпотребна на нивните другарчиња со кои можеби еден ден ќе се сретнат. Не е џабе речено – “Во маката, другар се познава”.

Loading