ПЕНАЛИТЕ СУДБИНА

Куп

Moment od mecot Varos - 11 Oktomvri 0-1Куп натпреварите нудат драматика. Во 1. коло од фудбалскиот куп на Македонија за ОФС Прилеп, три меча беа одлучени со пенали. Во Мало Коњари се водеше израмнета битка и по 90 минути Млекар со Партизан Обршани одиграа 2-2. После пеналите, победија домашните со 5-4. Во Големо Коњари на дуелот помеѓу домашниот истоимен тим и Младост Кривогаштани идентично беше во основниот дел, 2-2, а во “пенал-лотаријата” среќата се насмевна на гостите. На Могила 11 Октомври со 1-0 го совлада Варош, но и тој гол во основниот дел е постигнат од пенал. Единствено супериорна беше Победа, која со 1-5 победи на гостувањето во Канатларци.

Во 2. коло се среќаваат Победа – Млекар и Младост – 11 Октомври.

Loading