МЕДАЛИ ЗА САТИСФАКЦИЈА

Пинг – понг

Dvajca so tri medali - Zoran Jovanoski i Goko JockoskiТитулата во Супер лигата за Младост е недостижна, но пингпонгарите пропуштеното го надополнија со медали од државното првенство. Вкупно се пет. Поединечно, сребро освои Ѓоко Јочкоски меѓу 49 учесници. Во финалето имаше силен ривал во единствениот професионалец, Кристијан Станојковски од Крива Паланка и очекуван е поразот. Третото место е за Андреј Лашкоски, кој сезонава настапува за шампионот Работнички од Скопје.

– Осми пат играв финале. Второто место е реален дострел. Додека можам да се носам со противниците, ќе играм – вели Јочкоски.

Во мешани двојки Лашкоски со Анета Станковска од Крива Паланка го освоија третото место, а во машки двојки уште два медала за прилепчаните. Тука златото е за Јочкоски со Лашкоски, а бронзата за Сашо Стојановски од Работнички со Зоран Јованоски, тренерот – играч на Младост. Успесите се сатисфакција и поттик да се издржи во одржувањето на клубот заедно со претседателот Игор Стојчески.

– Подмладок немаме. Нам, ветераните, ни преостанува обврската да играме и не дозволиме згаснување – смета Јованоски.

Викендов е последното коло од лигата, кај Работнички.

Рикалоски победи Србин

На Меѓународен турнир во Штип одлични настапи на Младост 96, со освоени две бронзи. Кај пионерите Александар Рикалоски е трет со пет победи и пораз од Србин. Бојан Илиески стигна до четвртфинале. Во младинска конкуренција подвиг на Рикалоски со две победи и пораз во полуфинале, патем победувајќи фаворит од Србија. Во оваа категорија учествуваше и Христијан Иваноски.

Loading