ЖДРЕПКА В ПОНЕДЕЛНИК

Фудбал

Победа по безболниот пораз 1-3 дома од Дрита заврши на деветтото место и сите погледи се кон квалификациите за опстанок во Втората лига. В понеделник е ждрепката, каде за првиот круг противникот е меѓу третолигашките прваци Младост Царев Двор (Ресен), Беласица (Струмица), Влазрими (Кичево), Гоблен (Куманово) и Вардар (Неготино). Предвиден е еден “нокаут” меч на 31 мај, на неутрален терен. Тука Победа е фаворит и нема дилеми дека не треба да има проблем до победата. Во вториот круг влегуваат победниците, а таму се најавени по два меча, со реванш на неутрален терен, со термини на 4 и 8 јуни. Противници на Победа можат да и бодат досегашните второлигаши Миравци и Зајас. Низ “ситото”, само две од осумте ќе бидат членови на новата, скратена на 10 екипи, Втора лига.

Прогнози не се благодарни, бидејќи еден второлигаш мора да отпадне, а тоа се надеваме нема да биде Победа.

Loading