БЕЗ ПАРИ В ТЕАТАР

Од понеделник до идната недела

Bure barut  humanitarno pred graganite z anastradanite vo Srbija i BiH“Недела на бесплатен театар” е манифестацијата што ќе ја реализира театарот “Војдан Чернодрински”, почнувајќи од понеделник и завршувајќи в недела на 1. јуни. Ќе се прикажат интересните, хит претстави на театарот без пари. Два часа пред претставите, кои започнуваат од 19.30 часот, може да се подигаат влезниците од билетарницата.

В понеделник е “Швејк во Втората Светска војна” во режија на Мартин Кочовски,  во среда е култната “Од кол на кол 1”, во четврток “Од кол на кол 2” во режија на Коле Ангеловски, во петок “Буре барут”, во режија на Наташа Поплавска и во сабота “Три варијации на една тема” во режија на Коле Ангеловски, додека во недела  од 11 часот ќе биде прикажана претставата за најмладите “Мачорот во чизми”.

Целта со оваа веќе традиционална манифестација е да се  подгрее атмосферата за театар пред стартот на 49. издание на МТФ “Војдан Чернодрински” кој започнува на 6 јуни.

Театарот гостува во Крушево

Театарот во вторник гостува во Крушево, каде во рамките на манифестацијата “Крушево – град на културата” ќе изведе две претстави. Попладнето од 17 часот најмладите ќе можат да ја проследат “Мачорот во чизми”, додека во 20 часот е “Три варијации на една тема” во режија на Коле Ангеловски.

Со настапот на нашиот театар започнува театарскиот дел од програмата на манифестацијата “Град на културата”, што е под покровителство на Министерството за култура.

Театар за поплавените во Србија и БиХ

Ансамблот на театарот се вклучува во хуманитарната акција за помош на настраданите од поплавите во Србија и во БиХ. Приходот од влезниците од вечерашната изведба на претставата “Буре барут” ќе биде дониран за поплавените. На овој начин ЦК “Марко Цепенков” како и многупати досега ја покажуваат својата хуманост. 

Loading