НОВ СЕГМЕНТ НА СТИБЕРА

Misteriozna Stibera - meta na arheoloziteПрилепскиот Завод и Музеј истражува нов простор на локалитетот Стибера, кај Чепигово. Со околу 500 илјади денари преку Управата за заштита на културното наследство се копа во близина на храмот на божицата Тихе. Ископувањата ќе траат 30 дена.

– Очекуваме нови откритија, бидејќи Стибера крие многу тајни. Локалитетот е значаен  не само за Прилеп, туку и за Македонија – вели Гордана Д. Спироска, директор на Завод и Музеј.

Археологот Душко Темелкоски вели дека се копа на овој сегмент, заради одредени асоцијации дека во близината се крие друг репрезентативен објект.

Стибера повеќе години е капитален проект на државата. Лани Министерството за култура следеше конзервирање и реставрирање на хеленистичкиот бедем и одводниот канал, откриени пред четири-пет години.

Локалитетот Стибера опстојувал од 3 век п.н.е до 3 век. 

Loading