ЛУКАС ВТОР ВО ИСТАНБУЛ

Карате

Еден од спортовите кои не третираат неуспех, туку само успешни настапи е каратето, а нови ведри вести носат тројца членови од КК Лукас. Веќе познатите за домашната јавност, ката тимот Симеон Мерипушкоски, Звонко Николоски, Константин Василески освоија “сребро” на Светското првенство за деца во Шотокан стилот, во Истанбул, Турција. Ги совладаа Азербејџан и Казахстан по 5-0, Турција 4-1, Арапски Емирати 5-0, а во финалето минимален е поразот 3-2 од Кувајт.

– Само пред една недела во Крагуевац беа балкански вицешампиони, а сега, иако уморни од патувањето, станаа светски вицепрваци. Голем успех со кој се потврдува каде ни е местото како држава и клуб. Се надеваме на поддршка, сé да не паѓа се врз грбот на родителите – вели Ахил Јаков, тренерот.

Младите каратисти веднаш беа пречекани и примени од градоначалникот Марјан Ристески. Дека се работи за афирмирано натпреварување показател е бројката од 3. 000 учесници од 45 држави, кои поделија 650 трофеи, а КК Лукас има придонес кон ефектот, освоени 19 медали на Македонија.

БЕРГЕР

На сениорскиот бергер натпревар во Скопје триумф на каратистите од КК Ронин. Место во репрезентацијата обезбедија П. Јованоска, Д. Петкоски и ката тимот, каде покрај Јованоска се М. Матракоска и З. Спиркоска. Тие во мај ќе одат на Европско во Будимпешта.

Loading