ДВА ВРЗАНИ МЕЧА

Одбојка

Продолжува женската кадетска одбојкарска лига, каде учествува тимот на ЖОК 11 Октомври. В недела се играат два врзани меча. Со ривалите од метрополата, прво е дуелот со Форца волеј и веднаш потоа со Работнички. Потребна е одлична подготовка да се издржи напорот.

– Верувам во девојките, иако сме некомплетни, без неколку првотимки кои се на екскурзија. Сепак, нема предавање. Одиме на две победи – најавува Гиче Локвенец, тренерот.

Управата е со намера да се сретнат со општинските фактори за образложување на програмата. Стратегијата води кон создавање силен тим од домашен кадар од пионерска до сениорска конкуренција. Проектот бара скромна финансиска поддршка. Затоа е вербата дека градот ќе излезе во пресрет на клубот кој тренира во тесно, во Соколана.

Loading