КУПОТ СО ФАВОРИТОТ СТРУМИЦА

РК Прилеп и РК Филип 107

Машкиот ракометен прволигаш, РК Прилеп, доби силен ривал во ждрепката за купот. Во 1/8 финалето ќе се соочи со фаворитот, Зомимак кој се пријави за домаќин во Струмица на 27/28 април. Момците на Орде Илиески не губат ништо, туку ќе ги одмерат силите со екипата, првак во основниот дел од Супер лигата, без ниту еден пораз, со 15 победи и реми. Доколку стигнат до 1/4 финалето, таму чека победникот од пресметката Текстилец Штип – Овче Поле Свети Николе. Претходниот месец одигран беше мечот од 1/16 финалето, со триумф 35-28 над ресенска Преспа.

Инаку, продолжува првенството со 16. коло со гостување кај Охрид, кој есеноска славеше во “Сонце” со 29-31. Претходно се одигра дома нерешено 27-27 со лидерот Струга. На табелата Струга останува прва со 31, следат Радовиш 27, Охрид 26, Прилеп, Младост и Драчево по 25 бода.

После паузата поради Купот, викендов продолжуваат битките за бодови во Првата лига за жени. Шестопласираната екипа со 16 бода,  РК Филип 107 гостува кај претпоследниот Универс во Гостивар. Трите бода ќе се враќање на шансите за 4. или 5. место, кои со два бода предност ги држат Пелистер и Струма. На табелата води Вардар со 30, пред Борец со 27 и Стружанка со 25 бода.

Loading