ЖИТО ПРИЛЕП ВО ПЛЕЈ – ОФ

Ракомет

Завршница од ракометната Супер лига за жени викендов. На програмата е плеј – офот и борбата за титулата. Според пропозициите, Жито Прилеп, како третопласиран, оди на мегдан со второпласираниот Металург, актуелниот шампион. Првиот меч е в сабота, на гости во салата Автокоманда во Скопје, а реваншот в среда во арената “Сонце”. Нема сомнеж дека победник ќе биде многу посилниот противнички тим, меѓутоа за девојките на Борче Марковски од полза е секој меч со квалитетни екипи за прогрес во играта и искуство на младите првотимки.

Жито Прилеп и пролетва влегува во завршницата од Купот по убедливите победи од 39-21  над штипска Кожувчанка и 47-14  над Ѓорче од Скопје. Прилепчани се во друштво со Металург, Металург јуниор и Вардар. Доколку ждрепката биде наклонета и во полуфиналето падне Металург јуниор, тогаш се очекува ново финале за Жито Прилеп и медали како минатите години. Скоро со лицитација ќе биде одреден домаќин на Купот, а терминот е предвиден за 27 и 28 април.

Loading