ГРГА ВОДА ОД ЕЗЕРОТО

Претекува  водата во прилепската најголема акумулација – Вештачкото езеро. За в лето веќе се складирани шест милиони кубни метри вода за наводнување на жедното прилепско поле. Заедно со проточната вода од два милиони кубици во сезоната за наводнување, овие количества ќе бидат доволни за “гаснење на жедта” на тутунот посаден на две илјади  хектари.

Водостопанската фирма, која стопанисува со акумулацијата и примарната и секундарната мрежа, најавува полнење на системот до средината на април за да им  обезбеди вода на тутунарите за полевање на тутунскиот расад. Претпријатието во наредниве три месеци ќе склучува договори со водокорисниците по старите цени, а доколку потпишат договор в лето, цените ќе бидат за 50 отсто повисоки.

Акумулацијата е градена во 1966 година, а од пред три години, стопанисувањето од Тутунскиот комбинат го презеде водостопанството “Прилепско поле”.

Loading