ТОПКИ ОД ФФМ

Трета и општинска

Завчера пред Градскиот стадион беше доделена донација – топки од ФФМ за прилепските тимови. Најважниот реквизит го добија 27 клуба, сите од двете општински и третата лига. Со новите топки се игра викендов. Во Третата лига – Југ на ред е 20. коло. Најтешко гостување има Г. Коњари кај втората Бабуна. Останати: Сирково – Младост, Тополчани – Вардар, Братство – Вардарски, Партизан – Кожуф, Илинден – Кадино, Млекар – Превалец. Претходно Кадино не се даде дома 2-2 со Бабуна, Тополчани – Илинден 3-1, Превалец – Братство 1-3, Младост – Млекар 1-1, Г. Коњари – Партизан 2-2. На табелата Борец со триумфот 3-1 над Вардар е со 51 бод, Бабуна 39, шесто е Г. Коњари 30, седмо Кадино 26, деветти Партизан 24, десетто Тополчани 23, 11-ти Млекар 23, 12-та Младост 20, 14-то Братство 19 бода.

Во Општинска А лига продолжува трката за врвот помеѓу Пролетер и Варош. Викендов е 16. коло, каде двата тима гостуваат,  Пролетер на Тризла, Варош на Гарван во Десово. Останати: Чепигово – Слога, Кадица – Обршани, Прилеп сити – Боротино, Динамо – Козара. Претходно Варош со 5-0 го прегази Чепигово, Пролетер со 2-1 го доби Прилеп сити, а на другите дуели Боротино – Гарван 3-0, Обршани – Тризла 2-1, Козара – Кадица 0-3, Слога – Динамо 4-1. Табела: Пролетер 34, Варош 32 бода.

Loading