“НА ГАЗ ПАДНАА” ПРИЛЕПЧАНИ ВО БЕЛГРАД

Неколку автобуси со љубители на најновите достигнувања во автомобилизмот и мотоциклизмот од Прилеп со превозникот Роман со три автобуси отпатува на еднодневна посета на 51-то издание на саемската манифестација на автомобилите и мотоциклите во Белград. Стотиците модели од последната геренарција на најпознатите производители во светот ги воодушевија запалениците по брзината, елеганцијата… Во креациите доминира аеродинамиката со мала потрошувачка и фантастичните дизајни на јапонските и европските производиели. Од БМВ, Мерцедес, Рено, па и “малиот” српски “фиќо” во нова креација на Фијат од Крагуевац, до Ламборџини, Порше, Хонда,  блескаа и најавија нов тренд кај автомобилите не само кај брзината и економичноста, проследени со луксуз во внатрешноста, туку и масовна експлоатација на информатиката за зголемување на безбедноста и информациите за возењето. Покрај кабриолетите, караваните, седаните и спортските автомобили, за “јавачите на ветерот” предизвикаа воодушевување моторциклите со поглед, а камо ли да се јавне некој Сузуки  или Кавасаки на две тркала.

На духовитите прилепчани секогаш подготвени за мајтап им паднаа в очи и прекрасните манекенки. Прашуваа дали убавиците “одат” во пакет, односно дали се вкалкулирани во цените на автомобилите од сто илјади евра и нагоре. 

Loading