ЗБОГУМ ЗА МИГАЧО

In Memoriam

На 96 години почина Борка Конески – Мигачо, пензионер, занаетчија, некогашен фудбалер на Хајдук, но низ градот познат најмногу како најстариот навивач на Победа. Според податоците, заедно со некој врсник од загрепски Динамо, беше најстариот навивач на Балканот. До пред година, редовно беше на трибините. И после, покрај нарушеното здравје. При крајот на животот в посетела нетрпеливо ги чекаше информациите за саканиот клуб. Практично, до последниот миг беше приврзан за Победа.

Најмногу страдаше кога ја слушна веста за казните од УЕФА кон Победа. Коментарот од негова страна беше “скопско масло” и “Победа отсекогаш била трн в око за скопјани”.

Loading