УСПЕШЕН ПРВ ФИЛТЕР

Карате

Во Скопје се одржа државното првенство за сениори, на кое настапија членовите на КК Ронин. Првенството е филтер за Европското првенство во Будимпешта, во мај. Првите тројца влегуваат во бергер дуелите по две недели, од кои ќе се избере најдобриот во секоја категорија, кој ќе биде репрезентот на државата на континенталното натпреварување.

КК Ронин изминатиот викенд освои седум медала: два златни, два сребрени и три бронзени. Според очекувањата, шампиони на Македонија како од шега станаа женскиот ката тим: Марија Матракоска, Пуликсенија Јованоска и Зорица Спиркоска. Поединечно Спиркоска е прва, веднаш зад неа Јованоска и Матракоска. Кај сениорите среброто е за Даниел Петкоски, бронзата за Ристе Наумов. Во борби уште една бронза зеде Матракоска.

Следниов викенд кадетската и јуниорската репрезентација, во чии состави има 15 надежи од КК Ронин, се претставуваат на Балканијадата во Крагуевац, Србија.

Loading