МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО

Џудо

Во Ниш, Србија на меѓународниот турнир за јуниори и пионери “Младоста на Европа” учествуваа 12 членови на ЏК Сеишин. Конкуренцијата беше голема, од 39 клубови со 485 џудисти од Србија, Македонија и Бугарија. Младите прилепчани се покажаа во добро светло. Петмина се качија на пиедестал и добија медали. Кај јуниорките Валерија Јаковлеска е втора, Ивана Петреска трета. Кај пионерките Александра Најдоска е прва, Тале Трајковски и Бојан Пашоски на второ место. Останатите учесници иако не освоија одличја, оставија печат со постигнатите една до две победи.

Турнирот беше еден од критериумите за влез во државните репрезентации на Македонија.

Loading