ВИСОКО НА РАНГ ЛИСТА

Параглајдерство

Меѓу првите 50 во најновата светска ранг листа на ФАИ, за параглајдерство, во дисциплината прецизно слетување, се четворица Македонци, сите прилепчани. Највисоко, 16-ти е Мартин Јованоски, 38-ми е Миле Јованоски, 40-ти е Борјан Јованоски, а на 46. место е Кристијан Темелкоски. Поединечните пласмани придонесуваат за рејтингот на државната репрезентација. Македонија котира на седмото место во светот, со шанси да се врати на позициите од пред неколку години, кога Мартин беше прв, а националниот тим втор.

Предизвици во 2013 за параглајдеристите се два настани, Светското првенство во Сараево, каде се атакува на медал, и Светските неолимписки игри во Колумбија, каде единствен поканет од земјава е Мартин Јованоски.

Loading