ЖИТО ПРИЛЕП – КИЧЕВО

Ракомет

После одличниот меѓународен тест и победата од 23-22 над грчки ПАОК Солун, екипата на Жито Прилеп се свртува кон домашното првенство. В недела (13 ч.), во салата “Арена Сонце” се среќава со аутсајдер Кичево – претпоследниот на табелата со две победи. Шанса за Жито Прилеп со три бода да ја зацврсти третата позиција со 18 бода. Во тимот на Борче Марковски се враќаат репрезентативките Наумоска, Мркиќ и Шалевска.

Во истата сала, в недела (15 ч.) има и женски прволигашки меч, РК Филип 107 – Виница. Дуелот е поправен испит на домашните по неочекуваниот висок пораз на гости со 27-12 од Ѓорче. На табелата Филип 107 е шесто место со 13 бода, два под Струма.

Во машката прва лига после поразот на РК Прилеп, дома од Драчево (28 – 31) следеше триумф во истата сала РК Прилеп – Јехона Гостивар 39-20 (20-9). На табелата води Струга со 27, а Прилеп и Радовиш го делат второто место со по 24 бода. Викендов РК Прилеп гостува кај Младост во Богданци.

Loading