КОПНЕЖ ЗА УБАВ СТАДИОН

Историја

Одамна прилепчани сонуваат за стадион според меѓународните стандарди. Околу 1997 година се зачна идејата за втор национален фудбалски стадион, покрај скопскиот. Тогашната раководна структура на ФФМ беше едногласна при одредувањето на градот од внатрешноста на земјава.

– Вториот национален стадион мора да биде прилепскиот – порача генералниот секретар на ФФМ, Ико Атанасовски.

Сепак зборовите останаа без дела, а реконструкцијата дојде од Победа. По смената во ФФМ, откако дојде Хари Хаџи – Ристески, во 2004-2005 се изградија северната трибина, службените простории и соблекувалните. Публиката очекува довршување на објектот од сите четири страни.

Како радосна вест е дочекана најновата иницијатива пролетва, односно проектот на локалната за нов лик и 15 000 седишта на стадионот “Г. Делчев”.

Loading