МАКЕДОНЦИТЕ – НАЈДОБРИ

Талентите на хармоника од музичкото училиште се вратија со највисоки награди и насмевка од 6-от Меѓународен натпревар во Аранѓеловац, Србија.  Успесите се уште повредни оти, нашиот тим биел музички бој со учесници од Русија, Б и Х, Србија, Хрватска и други земји.

Софија Мирческа во 2-ра категорија била апсолутен победник со освоена 1-ва награда, Стефан Трајковски во 3-та категорија бил исто најдобар со освоена 1-ва награда како и Филип Петрески. Сите биле под менторство на професорот Кети Милеска.

Натпреварот е рангиран мегу надобрите од меѓународен карактер, со стручното жири од реномирани професори од признати светски школи по хармоника со кои и професорката Кети Милеска како дел од стручното жири ги оценувало учесниците на натпреварот.

Милевска вели дека тежок бил натпреварот, поради силната конкуренција и високите критериуми, меѓутоа со макотрпната работа успесите испливале на површина.

Loading