НАГРАДЕН ЕСЕИСТ

Заслуженото прво место го добил Благоја Ивчески, ученик во трета година во Гимназијата од конкурс за есеј организиран од Американскиот колеџ на тема “Сонот на Мартин Лутер Кинг и мојот сон за мојата земја” за 50 годишнината од познатиот говор на д-р. Мартин Лутер Кинг во Вашингтон и 150 г. од прокламацијата за еманципација на црнците од Абрахам Линколн.

Црпејќи податоци од интернет за “Маршот кон Вашингтон” и најзначајниот говор во поновата историја на моралниот лидер на афро – американците, тој успеал во есејот да ги поврзе тогашните настани со денешницава, со неговиот сон за подобра Македонија.

– Над 300 илјади американци – црнци, белци, радикали и либерали биле собрани во 1963-та, под сенката на споменикот на Абрахам Линколн, и обединети од Мартин Лутер Кинг, кој во дел од епскиот говор рекол дека има сон еден ден сите да можат да живеат заедно, да се борат заедно, рамо до рамо со белците, да ја унапредуваат Америка – вели Благоја, кој историски ги поврзал идеалите на нашите истакнати дејци, Гоце Делчев, Христо Татарчев и Кочо Рацин кои се залагале за слободна  Македонија каде секоја етничка заедница ќе може да придонесе за развој на државата.     

Акцент на есејот бил ставен за буквата М да биде најзвучна во азбуката и да служи како обединител на сите жители во Македонија.

На натпреварот учествувале 375 ученици од сите училишта и Благоја како најдобар имал привилегија да го прочита есејот пред ректорот и присутните. За награда добил електронски читач за книги, како и биографија на Мартин Лутер Кинг. 

Loading