ЗА МАЛКУ, ВТОРО МЕСТО

Во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”

На Александра Стојаноска во натпреварот со над 400 ученици од цела Македонија за познавање на англиски за бод и побегнало второто место. Тој бил организиран од Петта приватна гимназија, а помогнат од министерството за образование и универзитетот ФОН. Осмоодделенката не се жали, туку е горда на успехот, зашто досега не се натпреварувала.

Третото место го добила со 80 поени, а со 81 би била втора. Бројот на учесници е показател дека бил сериозен и тежок натпревар, на кој Александра покажала што знае за Велика Британија и за граматичките “замки” на англискиот јазик. Родното место на Шекспир, кралската традиција, популарните “Боби” – англиски полицајци, па и авторот на “Хари Потер” биле само дел од прашањата на тестот за богатата Британска историја. Менторката Рената Андрееска вели дека за успех не биле заслужни само дополнителните часови, туку и љубовта на Александра кон јазикот, културата и традицијата на британското општество. Осмоодделенката го има тоа дополнително знаење, собрано од многуте филмови, документарци и книги на англиски јазик.

Тука не запира, туку за една недела оди на општинскиот натпревар по англиски организиран од ЕЛТОН. Доколку успее да добие некое од првите три места, ќе продолжи на државниот во Скопје.  

Loading