ТЕНИСКИ ТЕРЕН ВО ОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

Тениско игралиште со стандардни димензии и изградено по највисоки критериуми, свечено беше отворено од градоначалникот Марјан Ристески, министерката Гордана Јанкуловска, вицепремиерот Зоран Ставревски во ОУ “Гоце Делчев”.          

Теренот е дел од владиниот проект “100 тениски игралишта во Македонија”, за омасовување на “белиот спорт” и градење на спортски дух кај најмладите. Ова училиште е првото од градов со ваков објект, а најавено е и за Гимназијата. Нетрпеливите основци веднаш го ставија во употреба, не штедејќи се при смечовите и трчањето по тврдиот терен.

За проектот вреден пет милиони денари, кофинансиран од владата и локалната самоуправа, директорот Трајче Каралиоски додели благодарници за остварувањето на сонот на многу ученици. Тениското игралиште ќе може да го користат сите граѓани со одредување термини. 

Loading