СОВЛАДАН ПАОК ОД СОЛУН

Ракомет

Жито Прилеп со 23-22 (10-11) го победи грчкиот ПАОК од Солун, на пријателскиот, меѓународен меч во арената “Сонце”. Ослабениот домашен состав, без репрезентативките Наумоска, Мркиќ и Шалевска, успеа да го надигра цврстиот гостински тим, кој е еден од најсилните во Грција, есеноска учесник до третото коло во европскиот Челинџ куп.

 На голот во средата стоеше Дурланова, со алтернатива Стојанова, а најефикасна се покажа пивотот Нацева со седум гола. Стрелци на останатите голови беа: шест Стојановиќ, по три Мурговска и Здравевска, по два Саздова и Аџулеска. Тестот ја пополни празнината во првенството до 30 март, кога во Прилеп гостува Кичево.

Во салата имаше првенствени прволигашки мечеви. Во женскиот дуел Филип 107 со 30-27 (14-11) го совлада Пелистер, а во машкиот РК Прилеп – Драчево (28  – 30).

Loading