РИКАЛОСКИ ДВАПАТИ ТРЕТ

Пинг – понг

    Нов успешен настап на талентираните пингпонгари. Тројцата надежни од Младост 96, Александар Рикалоски, Андреј Јошески и Христијан Иваноски одлично се претставија во Куманово, на 21. Државно првенство за пионери. Особено забележителен е Рикалоски, кој освои два бронзени медали.

Прво, поединечно, во групата постигна три победи за пласман во осминафиналето. Шестиот дуел практично беше најтежок, против еден од фаворитите, Костадиновски од штипски Гоце Делчев. После голема борба, со минимални 3-2, победи Костадиновски, кој на крајот стигна до второто место, зад клупскиот другар, шампионот Костовски. Третото место заслужено е за Рикалоски, кој со 3-0 го надигра Јованов од Влае Скопје. Голем успех, гледајќи ја возраста.

Во игра на двојки Рикалоски во тандем со Иваноски загубија од Бужаровски – Глигоров од Ѓорче Петров Скопје и автоматски осавоија трето место, бронзен медал.Топ оф Форм

Loading