ДЕ – НИ МЕБЕЛ ЌЕ СЕ ГРИЖИ ЗА СУЗИ И ФРЕДИ

Фирмата “Де – Ни Мебел”, како општествено одговорна фирма, ќе се грижи за исхраната на двете пони коњчиња од расата Шетланд, кои од неодамна се жители на “Рајската градина” на Паркот на револуцијата. Тони Златески, сопственикот “Де – Ни Мебел”, потпиша меморандум со ЈП Комуналец да одделува 60 илјади денари за храна и одржување на милениците на децата, крстени Сузи и Фреди.

– Секаде во светот компаниите даваат придонес за одржување на милениците на најмалите. Повлеков потег да ги анимирам останатите компании да се вклучат во некоја општокорисна акција – рече Златески.

– Гестот е за поздравување и апел до бизнис секторот за општествената одговорност – рече директрот на ЈКП Комуналец, Златко Ристески. 

Во “Рајската градина” се сместени десетина чифта различни украсни птици, а од неодамна во катчето мелем за очи и за душа има и елен.

Loading