ОПРАВДАН ТРАНСФЕР

Марјан Радески

Неодамна од второлигашот 11 Октомври во прволигашот Металург премина 18-годишниот напаѓач, Марјан Радески. Младиот талент немаше потреба од “аклиматизација”, туку веднаш се прилагоди во новата средина. Со одличните игри на пријателските, се наметна и во тимот за пролетните првенствени мечеви.

Блесна на дербито со лидерот на табелата Вардар. Радески го отвори резултатот, совладувајќи го противничкиот голман Милиќ. Заслужен е за триумфот од 3-2.  Со освоените три бода Металург се извиши на третото место на табелата, два бода под Турново, пет под Вардар.

На прволигашката сцена настапија уште двајца прилепчани. Во редовите на четвртиот Напредок од Кичево солидно играше Владимир Петрески, а во деветтиот Пелистер е Тони Мегленски.

Loading