НЕЗАДРЖЛИВИОТ ЧЕШЕЛКОСКИ

Фудбал

Возвратен ударот. Победа јуниор на прилепското дерби го совлада 11 Октомври со минимални 2-1, реванширајќи се во иста мерка за есенскиот пораз од 1-0. Домаќинот ги искористи шансите, а најбитно беше што набрзина поведе со 2-0. Во финишот, покрај примениот гол, дојде до трите бода.

Полувремето беше динамично, но не интересно оти немаше погодоци. Веќе вториот дел влета агилниот шпиц, Александар Чешелкоски еден од најдобрите на дербито. Падот во шеснаесетникот беше оквалификуван за пенал. Најстрогата казна сигурно ја изведе Петрески0. Водството го зголеми на 2-0 Чешелкоски. 11 Октомври тргна на сé или ништо. По ударот на Колевски крај дирекот, Јорданчо Наумоски во мешаница намали на 2-1.

На табелата водат Скопје, Гостивар и Еуромилк со по 37 бода, Победа е седма со 31, 11 Октомври осми со 26 бода. Наредното коло на

30/31 март Победа игра со Корзо, а 11 Октомври дома со Тиквеш.

Втор баксуз

Неверојатно Корзо, вторпат под несреќни околности губи два бода. Наместо победа, забележува реми. Во Маџари домашниот состав беше пред капитулација, по водството на Корзо со 0-2, преку Мижоров и Анастасов. На крајот се случи чудо, скопјаните постигнаа два гола за 2-2 и Корзо наместо 16 има 14 бода.

Loading