ВОДЕЧКИТЕ СЕ ДРЖАТ

Трета и општинска

Ништо ново не донесе 17. коло од Трета лига – Југ. Водечкиот Борец се намачи во Велес и го победи со 1-0 цврстото Кадино. На останатите мечеви главно реални резултати: Партизан – Сирково 2-1, Младост – Росоман 3-2, Г. Коњари – Млекар 0-0, Кожуф – Братство 1-0. На табелата Борец 47, Бабуна 35, петто е Г. Коњари 29, седми Партизан 24, осмо Кадино 22, деветто Тополчани 20, 12-та Младост и 13-ти Млекар по 19, 14-то Братство 16 бода. Во идното коло Бабуна – Партизан, Сирково – Г. Коњари, Млекар – Кожуф, Братство – Младост, Кадино – Тополчани.

Во Општинска А лига и во 13. коло најдобрите победија. Лидерот Пролетер го совлада Гарван со високи 4-1, а Варош тесно триумфира над Кадица со 3-2. Останати: Слога – Тризла 4-3, Козара – Прилеп сити 1-1, Чепигово – Динамо 2-3, Обршани – Боротино 7-2. На табелата водат Пролетер со 28 и Варош со 26 бода. Идното коло Гарван – Чепигово, Динамо – Варош, Кадица – Слога, Тризла – Козара, Прилеп сити – Обршани, а Боротино го пречекува Пролетер.

Loading