КУПИ СЛИКА – ДОНИРАЈ ЗА ТРЕСКАВЕЦ

Аукција на околу 40 уметнички дела ќе има вечерва од 19 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”. На продажба се творби од уметници од Прилеп и од други градови на Македонија, меѓу кои Илија Миноски, Кирил Гегоски, Христина Зафировска, Соња и Златко Лечковски, Јасминка Новковска, Новица Трајковски и др…

Аукцијата е во рамките на акцијата “Уметниците за Трескавец”, а собраните средства ќе се донираат за обновата на конаците на Трескавец. Хуманитарен карактер ќе има и прикажувањето на претставата “Чекајќи го министерот” утревечер од 20 часот во ЦК “Марко Цепенков”.

Синоќа концерт за манастирот одржа Драган Даутоски, а претходно и ансамблот Танец, музичкото училиште, а театарот ја одигра “Многу врева за ништо”. 

Loading