ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ЈАВОРОВ ПЕВ

 “Јаворов пев” е книгата од авторите Петар Петрески и Тренчо Димитриоски, која ќе биде промовирана утревечер од 19 часот во Библотеката. Книгата е нераскажана приказна за тројца прилепски патриоти. Ќе зборува професор д-р Ѓорѓи Чакарјановски.

– Приказната е за Соколе Илиески, Димче Јованоски и Добре Талески, кои во осумдесеттите години, од патриотски побуди, преку поетското здружение “Јаворов Пев” (Пирин, Егеј, Вардар), се обиделе  да го зајакнат и мобилизираат идентитетското чувство кај Македонецот кое во тој период било загрозено од форсирањето на идејата за југословенска нација.  Тие биле осудени на затворски казни. Книгата ги открива деновите во затворот и  последиците што ги трпеле тие и најблиските од комунистичкиот режим – вели Петар Петрески.

Издавач на книгата е ИК “Ризница”.

Loading