ИЗЛОЖБА НА ПЛАКАТИ “РОДЧЕНКО”

Изложба на 20 плакати Родченко – омаж на репродукции од најзначајните дела на Родченко и  дела од современи руски дизајнери ќе биде отворена вечерва од 18.30 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Изложбата е дел од светската иницијатива за прославување на 120 годишнината од раѓањето на Родченко. Презентацијата е плод на културната соработка меѓу Македонија и Русија, а Центарот за култура ја реализира во соработка со Битолскиот Музеј.

Loading