ШЕСТО ПРИЛЕПСКО ДЕРБИ

Фудбал: В сабота (14 ч.) Победа – 11 Октомври

Победникот приближува до водечките

Мало освежување во сиромашната понуда на привлечни спортски настани е претстојното фудбалско второлигашко дерби Победа јуниор – 11 Октомври. Иако не решава за врвот, интересно е за значењето на ривалите. Победникот со три бода се доближува на водечките и погледите се оптимистички со шансите за бараж. Противниците шестипат ќе се спротивстават на стадионот “Гоце Делчев”, по четирите пресметки меѓу 1978 и 1981 и ланската во август.

“Фудбалските брендови” како пролетва да се чуваа за утрешниот  меч. Играа променливо, дома со победа, на гости со пораз. Седмата Победа јуниор до 28 бода стигна прво со 1-0, добивајќи го Охрид, после загуби 2-0 од Еуромилк во Горно Лисиче. Обратен учинок на осмиот 11 Октомври со 26 бода. Беше поразот 2-1 во Новаци, потоа триумфот дома од 2-1 над Маџари. Како на секое градско дерби, шансите за трите бода се подеднакви без фаворит.

Публиката се очекува да ја исполни северната трибина, да ги види на дело претежно младите играчи на двете страни. Тренерот на 11 Октомври, Тони Наумоски го има само ветеранот Кулески, а речиси сите други се младинци. Нови се И. Крстески, Петров, повратник е Б. Крстески. Во редовите на Победа јуниор нема многу нови. Ланскиот состав е поискусен и надограден со Велевски. Шанса добива голманот Настески.

Дербито е можност за возвратен удар, реванш. Лани 11 Октомври победи со голот на Дунимаглоски, сега на потег е Победа јуниор.

Биланс

Победа – 11 Октомври досега

Дома Победа:     2          2          0          0          4-0

Дома 11 Окт.:      3          2          0          1          9-2           

Вкупно:               5          4          0          1          13-2

Loading