ПОБЕДАТА ВРЕДИ ДВОЈНО

Бокс

Значаен настап на боксерот од Про бокс Македонија Александар Николоски. Во велтер категорија утре излегува на ринг во Билборсен, Шведска, а противник му е Суро Исмаилов од Ерменија. Професионалната борба ќе трае четири рунди по три минути. Со триумф Николоски обезбедува место на ранг листата од ЕБУ. Всушност, победата на гости или на неутрален терен е двојно вредна од претходните две, постигнати на дома против противници од Унгарија и Србија.

Loading