ПОДОБРИ ОД СКОПЈАНКИ

Одбојка

Првите пролетни претставувања се успешни за младите одбојкарки на ЖОК 11 Октомври. На турнирот во Скопје совладан е Работнички со 0-2. Првиот сет е добиен 23-25, а во вториот без проблеми со убедлив триумф од 13-25. Работнички е големо име и успехот влева самодоверба кај девојките меѓу 10 и 12 години. Тренерот Гиче Локвенец е задоволен од прогресот и практикувањето на елементите при смеч, напад и одбрана.

Вториот меч е загубен од Форца 2-0, а резултатот по сетови 25-20 и 25-22 зборува за тешка борба до крајот. Девојките дадоа сé од себе, и покрај уморот, поради врзаните два натпревари еден по друг, без пауза. Стручњаците на ОФМ не штедеа зборови за пофалби и оценка дека најмладиот состав е најпријатното изненадување. Сите добија шанса и ја оправдаа довербата: Илиеска, Талеска, Трпческа, Тодороска, Ѓорѓиоска, Ристеска, Тошеска, Чавлеска, Талимџиоска, Димеска.

Следниот турнир е на 24 март во Скопје.

Loading