КУЛИНАРСКИ ВЕШТИНИ ЗА ОСМИ МАРТ

Во ОУ “Добре Јованоски”

Учениците од четврто одделение од ОУ “Добре Јованоски” со наставничката Александра Мирческа за Денот на жената подготвиле вкусни колачиња за мајките и бабите. Следела и приредба со што ги изненадиле најмилите. Додека учениците со засукани ракави приготвувале чоколадни креации, на лицата од родителите имало насмевки, радост и гордост.

Четвртоодделенците одвај успеале да се воздржат и да не лапнат некое чоколатце. Воспитани ги пакувале за своите најмили, додека “лиги им течеле”  од формите кои се топеле во устата.

Loading