МЛАДИТЕ ПОЕТИ ЗА МАМА

За Денот на жената, во библиотеката на ОУ “Кочо Рацин” се одржа литературно читање со тема “Со љубов и песна го славиме денот на жената”. За организацијата се потрудија наставничките Габриела Стојаноска – Станоеска и Елена Апостолоска.

Библиотеката, посебно уредена, беше преполна со млади поети и поетеси од шесто до осмоодделенци од сите основни училишта. Гости беа и ученици од населените места и од Кривогаштани.

Во натпреварувачкиот дел се изрецитираа триесет песни, излеани од детските срца и полни со епитети, метафори и компарации со кои ја доловуваа убавината и љубовта на мајките и вредните жени во нивните животи. Најдобрите песни ги избираа пет ученички – поетеси од осмите одделенија. Строгото жири им додели три дипломи на Стефанија Стефаноска од ОУ “Гоце Делчев”, за прво место, второ место на Јана Неделкоска од ОУ “Климент Охридски” и трето место на Деспина Јосифоска од ОУ “Блаже Конески”. 

Loading