ПРОДОЛЖУВА МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА

Во СОУ “Ѓорче Петров”

Група ученици и професори од СОУ “Ѓорче Петров” последниот викенд посетија средно училиште во Будимпешта, Унгарија со проектите за прекугранична соработка и “Креаторите на новости –  креатори на живот или на илузија”. Домаќините имале гости и од Магдачести, Молдавија.

Проектот претендира на размена на искуства за медиумска писменост, меѓународна соработка и партнерство на училиштата.

Нашите средношколци се вратија со незаборавни впечатоци, оти се воодушевувале на училиштето, а и поради забавниот дел од агендата. Малку спортски се натпреварувале, учествувале на работилници, пееле караоке, одговарале на квизови и изработувале постери со импресиите.

Домаќините ги запознале и со убавините на Будимпешта и ги однесле и во блиска туристичка дестинација, а за збогум ги нагостиле со традиционалниот гулаш.

Loading