Во ОУ “Кочо Рацин”
Јана Пашовска со соученикот Матеј Костоски на државниот натпревар по англиски јазик го освоиле второто, односно, третото место. Организатор на мечот за познавање на Англија и јазикот била “Петта приватна гимназија” од Скопје. Меѓу 445 ученици и 110 ментори од сите училишта во Македонија, нашиот тим воден од наставничката Сузана Темелковска успеал да ги засени конкурентите. Успехот е плод на потрошените викенди во подготовка.
Наградените ученици велат дека тестот бил поделен на формирање на зборови со суфикси и префикси, вметнување зборови во реченица, текст со прашања и познавање на Британската култура и општество. Одговориле најдобро што можеле и нé разочарале. Од можни 100 поени, Јана добила 84, а Матеј 80, што е за пофалба зашто никој не ја надминал границата од 91 поен.
Не знаат каква награда ќе добијат, но и без неа, се задоволни што се качиле речиси на највисокото место. Осмоодделенците од есен ќе бидат гимназијалци, само ќе се думаат за Прилеп или Скопје.