“…НАРЕДНИКОТ” ПЛИВА ВО ЗЕЛЕНИЛО

Парк на 3350 метри квадратни со разни детски реквизити, терен за кошарка, пристапни патеки, клупи за одмор, корпи за отпадоци и  зелени површини добија жителите од населбата “Димо Наредникот”. Паркот е нова и последно уредена парцела во станбениот комплекс, каде се претворени во пријатно катче за одмор и игра над 11 декари површина.

Пред уредувањето на паркот, ЈКП Комуналец издупчи бунари за одржување и спроведе мрежа за полевање на зеленилото.

Loading