ТЕМЕЛНИКОТ НА “ПРИЛЕПСКИ БРАНИТЕЛИ”

Во чест на сите бранители од 2001 година, локалната самоуправа ќе постави ново спомен обележје под името “Прилепски бранители” на кружниот тек кај хотелот Липа. Веќе се поставија темелите на споменикот што ќе сведочи за придонесот на прилепските бранители во зачувувањето на интегритетот на земјата. Скулптурата ќе е и паметник за идните генерации и ќе ја доловува сликата за европски Прилеп

Футуристичката идеја на споменикот, кој ќе биде и метална скулптура, ќе се обликува со челична конструкција висока 15 метри. Впечатливоста ќе доаѓа со специјално осветлување кое на временски интервали ќе ја променува бојата.

Loading