ДОАЃА ВОДА ЗА КЛЕПАЧ И ПОДМОЛ

Над стотина жители од село Клепач веќе имаат вода во домашните чешми. Локалните власти го изградија селскиот водовод за неколку месеци, клепачани да не пијат вода од бунарите со сомнителна здравствена исправност.

За три месеци, жедта ќе ја изгаснат и 150 жители од соседното село Подмол.  Со околу пет милиони денари од локалната самоуправа, секој дом во селото ќе има вода за задоволување на животните и хигиенските потреби.

Loading