70 ПРОЕКТИ НА ЗАТКОСКИ ЗА КРИВОГАШТАНИ

“Не ветувам лесно, но ветеното го исполнувам. Нема празни ветувања и собирање евтини политички поени. Тоа е политиката на ВМРО – ДПМНЕ”.

 Ова го рече Тони Заткоски, кандидат за градоначалник на Кривогаштани на митингот на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, на кој беа претставени кандидатите за советници предводени од Здравко Тренески.

Заткоски ќе се залага Кривогаштани да стане  подобро место за живеење.

– Програмата е нашиот влог за идните генерации. Со посветена, мудра и чесна работа, ќе реализираме над 70 проекти, меѓу кои изградба на индустриска зона во село Славеј (КО Врбјани), изградба на спортска сала во ОУ “Манчу Матак”, а јавен паркинг простор до фудбалско игралиште во Кривогаштани и Обршани, поправка и санација на магистралниот пат Кривогаштани – Бучин   –  Вашареица, изградба и асфалтирање на улици во сите населени места, изградба на повеќенаменско спортско игралиште. Повикувам на поддршка за советничката листа, оти секој советник повеќе е плус за општината. Секој глас значи повеќе остварена програма – потенцираше Заткоски.

Потпретседателот на Владата Владимир Пешевски потенцира дека не е видена досега ваква политика во земјоделството, како политиката на ВМРО – ДПМНЕ.

–  СДСМ излегува со тотално неиздржани проекти, направени за два дена. Тоа е несериозен пристап и затоа народот ќе ги казни. Бараме да изберете дела за сите заедно да придонесеме за поквалитетен живот во Кривогаштани – рече Владимир Пешевски.

Loading